
Фотосесијата со Благица беше токму она што треба да биде едно семејно очекување – интимна, топла и искрена. Ја сликавме во удобноста на нејзиниот светол стан, каде доминираат крем и неутрални бои, создавајќи совршена атмосфера за спокојни и емотивни фотографии.
Снимавме буквално во секој дел од домот – во дневната соба, кујната, спалната и, секако, во слатката, подготвена соба за бебето.
Ја водев низ целиот процес – ѝ покажував како да застане, каде да погледне, што да направи со рацете… Но сè изгледаше природно, лесно и некако неодоливо нејзино. Секој агол од станот стана сцена на љубовта што ја чувствуваше – и тоа се гледа на секоја фотографија.
Ако сакате фотосесија што ќе го долови вистинското значење на “чекање со љубов”, ова портфолио е вистинска инспирација. Не е потребно ништо спектакуларно – само вие, вашиот дом и вистинските емоции.
No products in the cart.