
Фотосесиите обично траат околу 1 до 2 часа, зависно од видот на сесијата и вашите желби. Секогаш се трудиме да го искористиме времето максимално за да добиеме најдобри фотографии.
Фотосесиите може да се одржат на различни локации, зависно од вашите желби и типот на фотосесијата. Тоа може да биде на отворено, во вашиот дом или на некоја друга локација која ја договараме заедно.
Вие може да носите своја облека, но исто така нудиме асортиман од облека во неутрални бои која совршено се вклопува во секоја локација и дава елегантен изглед на фотографиите. Ќе ви пратиме водич за облека со препораки како да ги комбинирате вашите аутфити, а доколку сакате, можете да изберете од нашиот избор на облека.
Фотографиите детално се обработуваат за да се осигура највисок квалитет. Поради ова, времето за доставување на сликите е 3-6 дена, зависно од обемот на работа и ангажманот.
Секако! Донесете ги сите реквизити кои ги сакате во вашите фотографии. Реквизитите можат да додадат личен допир и да ја направат фотосесијата уште попосебна.
Можете да закажете фотосесија преку контакт формата на нашата веб страница, преку е-пошта или преку телефон. Веднаш по вашето барање, ќе ве контактираме за да ги договориме сите детали.
No products in the cart.