Мама - бебе фотосесија

Кате и хана - љубов во боја

Оваа фотосесија е резултат на едно посебно дарување – бесплатна фотосесија за мајка и дете, организирана преку натпревар на мојот Instagram профил по повод Светската недела на доењето.

Учесниците споделуваа фотографии што го прикажуваат нивниот најинтимен момент со бебето или детето – момент на доење, игра или нежност што ја раскажува нивната приказна. А приказната на Кате и Хана ме освои со својата топлина и вистинитост.

Сесијата ја направивме во нивниот дом, исполнет со светлина, љубов и смиреност.

Просторијата во која фотографирав имаше голем прозор со мека завеса –

 вистинско богатство за фотографот во мене. На подот имаше поставено хамер, а Хана црташе со бои направени од јогурт и прехрамбена боја – едноставно, природно и толку забавно!

Ништо не беше наместено – само мама и ќеркичка, во нивниот свет, заедно. Игри, смеа, допири и погледи што кажуваат сè. Моја задача беше само да ја уловам магијата.

Овие фотографии не се само спомен. Тие се сведоштво за едно време кое преминува во сеќавање – топло, шарено и полно со љубов.

Погледнете ги и вие – можеби ќе ве инспирираат да создадете свои слични моменти. ❤️

ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ

No products in the cart.