
Ако некогаш ви треба инспирација за пози, поврзаност или едноставно чиста радост – ова портфолио мора да го видите. Елена и нејзината ќеркичка Емили ни подарија сè што може да посака една “Mommy and Me” фотосесија: љубов, игра, спонтани моменти и вистинска магија на зајдисонце.
Ова не беше класична фотосесија. Тие се враќаа, скокаа, се забавуваа, си играа и се скокоткаа – јас бев тука само да го уловам совршениот момент. Понекогаш со еден збор или со само еден поглед, Елена и Емили започнуваа игра како да никој друг не постои околу нив.
Дадов минимални насоки, но кога ѝ реков: „Ајде сега вртете се“, веднаш Емили ја фати мама за рачиња – и магијата започна. Сите кадри зрачат со нежност и природна блискост.
Локацијата беше совршена, светлината од зајдисонцето како нарачана, а атмосферата топла и вистинска.
Ова портфолио е потсетник дека најубавите фотографии настануваат кога се опуштите, заборавите дека има камера, и само… уживате со вашето дете.
No products in the cart.