Школа за брзо читање и мудро учење

Бизнис Брендинг Фотосесија за Јулија и Нејзиниот бизнис

Имав чест и задоволство да работам на бизнис брендинг фотосесија за Јулија, мајка на три близнаци, која својата љубов кон децата и нивната едукација ја има преточено во своето школо за брзо читање и мудро учење. Ова школо е место каде што Јулија и нејзиниот тим ги учат децата на техники и методи за подобро совладување на училишните предмети на забавен и интерактивен начин.

Јулија ја подготвува веб страницата за школото и сакаше професионални фотографии кои ќе го прикажат нејзиниот центар, наставата, амбиентот и просториите. Сакав да уловам моменти кои ја прикажуваат динамиката на учење, радоста на децата додека учат и соработуваат, како и топлиот и инспиративен амбиент кој Јулија го има создадено.

Фотосесијата ја започнавме со фотографии од интерактивните часови, каде што децата со насмевка и ентузијазам ги применуваат техниките за брзо читање и мудро учење.

Просториите на школото се светли, пријатни и исполнети со едукативни материјали. Сакав да ја доловам таа атмосфера преку фотографии кои ги истакнуваат уреденоста и инспиративната средина која ги поттикнува децата да учат и да се развиваат. 

Фотографиите се создадени за да ја прикажат уникатната едукативна средина која Јулија ја има создадено и да ги инспирира родителите да ги запишат своите деца во нејзиното школо. Тие се одличен додаток на нејзината веб страница.

Контактирајте нè за да ги овековечиме вашите најубави моменти.

Тука сме да одговориме на сите ваши прашања и заедно да ја испланираме вашата фотосесија

Телефонски број: 078272687 | 078300490

Да разговараме за твојот настан од соништата!

    ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ

    No products in the cart.