
Некои фотосесии носат посебна приказна со себе, а оваа беше токму таква. Викторија беше добитничка на giveaway што го организирав за време на Светската недела на доењето, во соработка со Бебелогија и Доење со Љубов. Во тој период беше бремена, а кога ја известив дека е победник, веднаш знаеше дека сака да ја искористи наградата откако ќе се породи.
Неколку месеци подоцна, конечно го запознав малиот Давид – кревко, нежно суштество кое штотуку влезе во светот. Викторија носеше прекрасен зелен фустан, а јас одбрав марама во маслинеста боја за Давид, која совршено се вклопуваше со нејзиниот стил. Хармонијата во боите и нежноста на моментите создадоа топла, природна и емотивна атмосфера.
Од самиот почеток на фотосесијата, Викторија зрачеше со смиреност и љубов. Нејзиното однесување со Давид беше толку природно и исполнето со сигурност што на моменти се прашував дали ова е нејзино прво дете.
Од самиот почеток на фотосесијата, Викторија зрачеше со смиреност и љубов. Нејзиното однесување со Давид беше толку природно и исполнето со сигурност што на моменти се прашував дали ова е нејзино прво дете. Начинот на кој го држеше, како го смируваше и му шепотеше топли зборови, создаваше сцени полни со искрена мајчинска љубов.
Во текот на фотосесијата, се фокусирав на малите, интимни моменти – допирот на нејзините прсти врз неговата нежна кожа, начинот на кој тој мирно заспиваше во нејзините прегратки и топлината што зрачеше од нивниот однос.
Викторија и нејзиниот сопруг беа тим во секој поглед – заедно, полни љубов и нежност, го славеа новиот живот што го создадоа, уживајќи во секој момент со своето малечко. Нивните заеднички фотографии раскажаа приказна за семејна поврзаност, сигурност и бескрајна љубов – моменти кои ќе останат засекогаш запаметени, а за мене беше чест што можев да бидам дел од оваа прекрасна приказна и да им подарам спомени кои ќе ги чуваат засекогаш.
No products in the cart.