Семејна фотосесија полна љубов, радост и едно мало меше

Новогодишна магија со Христана Пан

Секое портфолио носи со себе нова приказна, а оваа – топла, весела и полна со емоции – ќе ми остане во срцето уште долго. Имав чест да фотографирам една од нашите највлијателни модни и lifestyle инфлуенсерки, прекрасната Христана Пан, во нејзиниот дом за време на новогодишните празници.

Христана, со нејзиниот природен стил и ведрина, зрачи со благородна енергија, а нејзините две малечки близначки, Хана и Тара, ја носат целата радост на светот во себе. Да фотографираш семејство со две малечки тодлери е посебен предизвик – да ги фатиш двете како истовремено гледаат во камерата е речиси мисија невозможна. 

Но токму во таа спонтана хаотичност се роди нешто вистински магично.

Сесијата се претвори во еден мал празничен театар – разиграна, весела, искрена. Ги доловивме сестринските игри, прегратките и погледите полни љубов. Највпечатливо од сè беше нежноста на семејните моменти – особено фотографии од идната мамичка и нејзиното меше, кои зрачат со очекување и топлина.

Оваа фотосесија е дел од моето ново портфолио – интимни приказни низ објективот, моменти кои раскажуваат повеќе од зборови.

ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ

No products in the cart.