Брендинг фотосесија

Катерина Љамова Богоевска

Со вистинско задоволство ви ја претставувам новата фотосесија на Катерина Љамова Богоевска – ментор за личен бренд и онлајн бизнис, едукатор, мултипотенцијалист и, пред сè, мајка на три прекрасни дечиња.

Како ментор и коуч, Кате вложува многу во изгледот и автентичноста на својот личен бренд, па затоа професионалните фотографии се неизоставен дел од нејзината работа. Преку нив таа пренесува доверба, професионалност и инспирација за сите жени со кои работи. Ми претставува огромна чест што токму мене ми ја довери оваа задача и што повторно имав можност да ја доловам нејзината енергија и визија.

Катерина е еден од моите идеални клиенти – таа е личност која ме ангажира за сите важни моменти, како приватни, така и професионални.

Од фотосесијата во бременост и моментите со новороденче,

преку родендени на децата, па сè до нејзините програми и настани. Секој пат заедно креираме содржина која ја раскажува нејзината приказна на автентичен и емотивен начин.

Особено ми е драго што сум дел и од нејзината професионална мисија – фотографирајќи ги програмите каде што Кате на своите ученички им помага да изградат бренд и содржина во склад со себеси. На крајот од секоја програма таа организира посебни средби и дружења, а мојата улога е да го зачувам тој магичен дел од процесот преку фотографии.

Оваа година пред нас е уште еден значаен предизвик – ќе бидам официјален фотограф на Конференцијата за свесно родителство, која Катерина ја организира четири години по ред, а за прв пат ќе се одржи во физичка форма. Еден настан кој ветува многу инспирација, знаење и заедништво.

Контактирајте нè за да ги овековечиме вашите најубави моменти.

Тука сме да одговориме на сите ваши прашања и заедно да ја испланираме вашата фотосесија

Телефонски број: 078272687 | 078300490

Да разговараме за твојот настан од соништата!

    ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ

    No products in the cart.