
Во највесела и детска атмосфера, во Kinderpark, го прославивме третиот роденден на малиот принц Лиам, син на модната инфлуенсерка Ангела Георгиевска.
Тематиката беше инспирирана од неговите најголеми љубовчиња – трактори и колички 🚗🚜, па целиот простор беше претворен во шарена детска авантура со украси, балони и детали кои го доловија неговиот свет на игра и радост.
Ангела, како и секогаш, внесе стил и топлина во секој момент од прославата, а Лиам со својата насмевка и енергија ја направи забавата незаборавна. 🎈
Семејството, пријателите и малите гости уживаа во игрите, музиката и вкусната торта која беше исто така во темата на омилените возила на Лиам.
✨ Еден ден исполнет со смеа, љубов и спомени за цел живот.
No products in the cart.