
Фотографијата има моќ да зачува моменти што ќе останат со нас засекогаш, а фотосесијата со Едина Муса беше токму таква – исполнета со емоции, длабочина и автентичност. Чест ми беше да бидам фотографот кој стои зад овие фотографии, кои не само што ја прикажуваат нејзината убавина, туку и нејзината внатрешна сила.
Едина ми пиша дека сака да направиме трудничка фотосесија, а јас со задоволство прифатив да бидам дел од овој прекрасен период во нејзиниот живот. Таа има природна убавина и беше многу лесно да се работи со неа, бидејќи, веројатно искусна при фотографирањето, знаеше како да се постави, па и давав само минимални сугестии и предлози. Ми се допаѓа тоа што е природна и спонтана, на повеќето слики искрено насмеана.
На почетокот се договаравме фотосесијата да ја направиме на отворено, но јас навивав тоа да биде во домашна атмосфера, за да биде поинтимно и поопуштено. Сакав да ја доловиме таа топлина и интимност која е толку присутна во домот, особено кога се очекува нов член во семејството.
Заедно со Едина создадовме навистина прекрасни фотографии кои ќе бидат спомен за цел живот.
Во својата објава на Instagram, Едина ги сподели своите емоции:
„Love Click Photography, ти благодарам за преубавата фотосесија на која ќе се навраќам цел мој живот Ова не се само слики… ова се моменти кои ќе бидат врежани во мене се до крајот на животот…
“
Фотографиите од оваа сесија беа споделени на повеќе портали, каде што имав можност да бидам спомната како фотографот кој ги овековечи овие моменти. Големата медиумска покриеност доведе и до интерес од Слободен Печат, кои ме контактираа за кратко интервју. Тоа интервју беше објавено на нивниот портал, како и во неделниот печатен број, што за мене беше огромна чест и потврда за значењето на оваа фотосесија.
Со секоја фотографија, целта ми е да пренесам емоција и да создадам спомени кои ќе траат цел живот.
No products in the cart.