
8-ми Март е ден кога ја славиме женската сила, убавина и безвременската посветеност на мајките, сопругите, сестрите и пријателките. Оваа година, со голема љубов и ентузијазам, решив да создадам нешто посебно – бесплатен портретен фото-проект, со кој секоја жена ќе има можност да добие професионална фотографија која ќе ја потсети колку е неверојатна.
Како жени, премногу често ги ставаме нашите потреби на последно место. Зафатени со семејството, работата и секојдневните обврски, ретко одвојуваме време за себе. Со овој проект сакав да создадам мал момент на среќа, каде секоја од вас ќе може да застане пред објективот, да се почувствува ценето и да има спомен кој ќе трае засекогаш.
Фотосесиите се одржаа на 8-ми и 9-ти март во Public Room, каде секоја учесничка имаше 10-минутен термин за професионален портрет. За атмосферата да биде уште поволшебна, имав круни и златна наметка, симбол на женската сила и достоинство. За оние кои не сакаа круна, обезбедив прекрасен букет од Цветна Фабрика, а некои жени донесоа и личен предмет кој ги претставува.
Не очекував дека ќе има толкав одѕив! Сите термини се пополнија за неколку часа, а некои од жените дури и ми донесоа цвеќе како знак на благодарност. 💛 Оваа заедница што ја градиме преку Love Click Photography ми покажува колку е важно да си даваме поддршка, да се славиме себеси и едни со други
Сите фотографии ги доставив во заедничка онлајн галерија, од каде учесничките ќе можат да ја преземат својата фотографија. Дополнително направив и еден видео reel со сите фотографии. Со ова, се надевам дека овој проект ќе стане традиција секоја година, потсетувајќи нè дека сме силни, убави и дека заслужуваме моменти кои ќе ни го стоплат срцето.
Како дел од овој проект, на учесничките им дадов 20% попуст на сите фотосесии (семејни, труднички, детски, бизнис фотосесии) закажани до крајот на март како благодарност што дојдоа и што беа дел од ова дружење. Ова е можност да продолжат да создаваат спомени преку професионална фотографија.
No products in the cart.