
Секоја година, кога ќе се приближат празниците, срцето ми се полни со возбуда и љубов. Тоа е време кога семејствата се зближуваат, кога ги вадам празничните светилки и почнувам да сонувам за моменти исполнети со смеа, топло какао и, секако – убави фотографии кои ќе останат засекогаш дел од нашите спомени.
Токму затоа оваа зима организирав нешто навистина посебно – Новогодишни мини фотосесии на отворено, во магична природна атмосфера со вистински зелени елки, топли ќебиња, ламбички и божиќна магија во воздухот.
Место студиска светлина и вештачки позадини, избравме вистинска шума од елки каде што децата трчаа слободно, семејствата се гушкаа под зимското сонце, а секој кадар зрачеше со природност и вистинска емоција. Природната светлина ни подари меки, топли тонови, кои ги направија фотографиите уште поубави.
За да го доловиме вистинскиот празничен дух, поставив специјален божиќен сетап – со лампиони, подароци, дрвени санки и сите оние мали детали кои ги разгалуваат срцата. Семејствата уживаа во секој момент, без гужви, без притисок – само љубов, смеа и гушкање.
Работев по принцип на однапред закажани термини – клиентите можеа преку мојата продажна страна да изберат датум и час што им одговара, и да ја потврдат својата резервација преку онлајн плаќање. Така, секој термин беше сигурен, а организацијата беспрекорна.
Во секоја фотосесија која траеше околу 20 минути, создадовме цел албум од 30 внимателно обработени фотографии – семејни групни слики, мајки со децата, татковци, индивидуални портрети… и многу, многу нежни моменти кои зборуваат повеќе од илјада зборови.
А за најмалите – подготвив и мал бонус: писмо за Дедо Мраз, кое самите го пополнуваа со нивните новогодишни желби. Радоста во нивните очи кога му пишуваа на Дедо Мраз беше непроценлива!
Имав чест да фотографирам:
Најубавото беше насмевките. Љубовта. Радоста во детските очи кога ќе го здогледаа декорот. Родителите кои се гушкаа со своите деца, без грижи, само за миг целосно присутни. Овие фотографии не се само убави – тие раскажуваат приказна.
Секој кадар што го направив таму беше уникатен. За разлика од студиските сетапи, природата носи автентичност. Светлината, насмевките, свежиот воздух – сè беше толку природно и живо. Овие фотосесии не беа само за да добиете убави фотографии. Беа момент за поврзување, за гушкање, за смеење – за создавање вистински спомени.
Оваа година, фотосесиите ги одржав на 28 декември и беа последни за сезоната, но срцето ми е полно – од убави приказни, детски насмевки и фотографии што ќе се гледаат повторно и повторно.
Ако не стигнавте да учествувате оваа година, не грижете се – секогаш има следна! Следете ме на Instagram и на мојата веб страна, бидејќи празничната магија продолжува!
Повеќе фотоградии и детали од понудите може да прегледате на следниот линк
Со љубов,
Драгана
Love Click Photography
No products in the cart.