Промотивна mommy and me мини фотосесија

Мајките носат светлина, љубов и незаменлива топлина во животот на своите деца – секој ден. По повод Денот на мајката, со огромна радост најавувам еден посебен настан што го подготвувам со многу љубов и креативност: Бесплатна Mommy & Me мини-фотосесија, организирана во соработка со заедницата на Мама Круг, и со поддршка од нашиот главен спонзор ЗЕГИН.

Најубавите уметнички дела се создадени со љубов – и со мали рачиња кои цртаат заедно со срцето на мама

🎨 Каде, кога и како до магичниот Mommy & Me момент?

📸 Овој мини-настан е замислен како уметничка и емотивна авантура, каде мајките и дечињата заедно ќе создаваат уметност – буквално! Секој пар мајка-дете ќе добие четки, бои и платно за да насликаат нешто свое, додека јас ќе бидам таму да ги фатам тие магични моменти на љубов, смеа и блискост.

🗓 Настанот ќе се одржи на 11 мај (недела) 2025 година
📍 Локација: @mili_vanili_skopje
🕠 Време: 17:30 – 19:00
🎟 Влез: Затворен настан – само со претходна пријава

Како да се пријавите?

🔗 За да учествуваш, доволно е да се пријавиш преку [ОВОЈ ЛИНК] и да одговориш на неколку кратки, креативни прашања.
📅 Формата ќе биде отворена до четврток, 8 мај 2025 година, а добитниците ќе бидат известени преку е-пошта или Вибер во петок, 9 мај.

👩‍👧‍👦 Што добиваш ако бидеш избрана?
– 10 минутна Mommy & Me фотосесија со уникатен арт-концепт
– Сликање со боички и платно – каде и мајката и детето се дел од уметноста
– Мал подарок од @zegin_pharmacy
– Дружење со инспиративната заедница на Мама Круг
– И – секако – убава споменица што ќе ја чувате засекогаш

Овој настан е промотивен, а за оние што нема да бидат избрани овој пат – со радост ве известувам дека кон крајот на мај и почетокот на јуни ќе има нови вакви сесии. 

💌 И бидејќи секоја мајка заслужува посебен момент за себе и за љубовта што ја создава, од срце ти го честитам Денот на мајката!
Нека ти биде исполнет со нежност, гушкања и моменти што ќе останат во срцето засекогаш.

Со љубов и желба за убави спомени,
Драгана
Love Click Photography

Контактирајте нè за да ги овековечиме вашите најубави моменти.

Тука сме да одговориме на сите ваши прашања и заедно да ја испланираме вашата фотосесија

Телефонски број: 078272687 | 078300490

Поставете прашање преку контакт форма

    No products in the cart.