Магични моменти за Денот на мајките – мини фотосесија со боење

Неделата на 11 мај 2025 година ќе остане запаметена во мојата меморија како ден кога се родија вистински автентични, емотивни и разиграни спомени помеѓу мајките и нивните најмили. Заедно со Mама круг, организиравме мини фотосесија по повод Денот на мајките, спонзорирана од страна на Зегин – благодарение на кои сите учеснички добија бесплатна фотосесија како подарок.

Мајчинството е уметност – секој ден боиш со љубов, трпение и безброј мали насмевки. 🎨💛

Повеќе за организацијата

Селекцијата на учесничките беше особено инспиративен процес. Се пријавија многу мајки, но беа избрани оние со најкреативни одговори на прашањата при пријавувањето – жени кои знаат како да го претворат секојдневието со своите дечиња во уметност и љубов.

Фотосесијата се одржа во паркот пред кафичот Мили Ванили, каде што атмосферата беше како од бајка. Поставив бел чаршав кој беше основата на сетапот, но вистинската магија дојде од природата – зеленилото од паркот и ситните бели цветчиња на тревата кои ѕиркаа од страните и ја правеа сцената живописна и нежна.

Подготвока за сликањето

Имав подготвено четки, боички, платна и штафелај, за мајките и нивните „мали уметници“ да создадат заеднички ремек-дела. Сето тоа беше надополнето со прекрасна пикник корпа полна со бели лалиња која ја поставив во позадина – вистинска пролетна бајка. Додека се сликаа, сите пиеја кафе, разговараа, се смееја… и секако, се мачкаа со бои! 🙂

Фатени се моменти полни љубов, смеа и искрена поврзаност. Токму онака како што ги замислував – фотографии кои ќе останат спомен засекогаш. Уште посебно ми беше срцето полно затоа што мојата ќерка Зои беше мојот највреден помошник – помагаше при поставувањето, дотураше бои, се дружеше со дечињата… На крајот, кога сите си заминаа, останавме ние две. Седнавме на чаршавот, се измачкавме со боички, се смеевме додека не’ сликаше Дејан – сопругот и нашата трета рака во оваа авантура.

Дали сакате и вие ваква фотосесија?

Ако и вие сакате да бидете дел од вакво искуство, ве известувам дека пријавите за мини-фотосесиите се отворени.

Повеќе информации може да прегледате на линков – тука 

Фотосесијата ќе се одржи на 31.05.2025 година (сабота), во периодот од 17:30 до 19:30 часот.

Во оваа временска рамка можат да се вклучат само 6 учесници, бидејќи секој термин трае максимум 20 минути. Бројот на места е навистина ограничен – затоа, те охрабрувам да се пријавиш што побрзо💌

✨ Доколку има поголема заинтересираност, со задоволство ќе отворам и дополнителни термини во други денови.

По купување на фотосесијата, имате пристап до календарот каде го бирате времето кога сакате да дојдете.

Со љубов и желба за убави спомени,

Драгана

Контактирајте нè за да ги овековечиме вашите најубави моменти.

Тука сме да одговориме на сите ваши прашања и заедно да ја испланираме вашата фотосесија

Телефонски број: 078272687 | 078300490

Поставете прашање преку контакт форма

    No products in the cart.