Love Click Photography слави 1 година – и ве поканувам да бидете дел од прославата!

Love Click Photography наполни 1 година! Една година исполнета со насмевки, моменти што се паметат, и безброј кадри кои раскажуваат приказни. По тој повод, решив да го прославам овој убав јубилеј на еден поинаков начин – со креативен giveaway натпревар на Instagram, каде што главната улога ја имате токму вие!

Златниот час е периодот веднаш по изгрејсонце и пред зајдисонце кога сонцето е ниско на небото, создавајќи топло и меко светло.

📸 Што е поразлично кај овој giveaway?

Овојпат не барам да тагнете пријатели или да спамирате со коментари – туку да се вклучите со ваша креативна идеја! Сакам да слушнам каква фотосесија отсекогаш сте сонувале: некоја уникатна тема, интересен повод или магична локација што ќе ме инспирира да создадам нешто ново што досега не сум го имала во моето портфолио.

📍 Фотосесијата ќе ја реализирам со победникот во текот на следните 3 месеци (по заеднички договор), а сите фотографии ќе ви бидат доставени и објавени со ваша согласност.

Како да учествувате?

  1. Посетете го мојот Instagram профил – @loveclick.mk
  2. Најдете го giveaway постот
  3. Во коментар споделете ја вашата идеја за совршена фотосесија
  4. Лајкувајте го постот, споделете го на стори и зачувајте го

🎁 Еден победник ќе добие бесплатна фотосесија инспирирана од неговата/нејзината идеја, која ќе ја осмислиме и реализираме заедно!

⏳ Натпреварот трае до: 05.07.2025

📍 Важи за: Скопје

Ви благодарам што сте дел од ова патување – и едвај чекам да ги видам вашите идеи!

Со љубов и желба за убави спомени

Love Click Photography

Контактирајте нè за да ги овековечиме вашите најубави моменти.

Тука сме да одговориме на сите ваши прашања и заедно да ја испланираме вашата фотосесија

Телефонски број: 078272687 | 078300490

Поставете прашање преку контакт форма

    No products in the cart.