
Како фотографи кои во изминатата година имале чест да присуствуваат и документираат повеќе од 50 православни македонски крштевки, често не прашуваат родителите: „Што точно се случува на церемонијата?“
Затоа, решивме да подготвиме еден практичен водич – за да знаете што ве очекува, да можете подобро да го подготвите вашето дете и да го доживеете овој ден без стрес, со фокус на радоста и духовноста.
Церемонијата најчесто трае 30 до 45 минути и се одвива во црквата или во посебна крштилница, пред олтарот. Кумот е тој што го држи детето за време на најголемиот дел од обредот, затоа што децата се крстат според верата на кумот, кој во Светата Тајна Крштение станува духовен родител на крстениот, а родителите се во близина. Наша задача како фотографи е да го фатиме секој момент – од првиот благослов, преку сите симболични гестови, па сѐ до насмевките и прегратките по обредот – за овој ден да остане забележан во најубавата форма.
По наше искуство, најдобро е крштевката да се направи додека бебето е што помало. Како што растат (особено по 6-тиот месец), децата стануваат посвесни и почесто се јавува срамежливост или страв од непознати лица и нова средина. Помалите бебиња обично се поспокојни и полесно ја поминуваат целата церемонија без многу солзи. Секако, и постари деца можат прекрасно да поминат – важно е да бидат добро подготвени и опуштени.
✨ Времето е клучно – изберете час кога детето е обично будно и расположено. Добра идеја е да има кратка дремка непосредно пред излегување од дома, за да пристигне одморено.
✨ Наспано и најадено – гладно или уморно дете е рецепт за солзи. Нахранете го пред да влезете во црквата – за бебињата тоа може да значи цицање, а за поголемите мала ужинка.
✨ Запознајте го со кумот – убаво е детето да го помине барем малку време со кумот пред големиот ден. Така ќе биде поопуштено и ќе се чувствува безбедно во неговите раце за време на обредот.
✨ Удобна свечена облека – свечената облека изгледа прекрасно на фотографии, но внимавајте да биде пријатна за носење. Прекумерно тесна или неудобна облека може да предизвика непотребна вознемиреност.
✨ Рачно пешкирче, тетра пелена или постилка – за да ја постелите на местото каде што ќе го пресоблекувате бебето, од хигиенски причини.
✨ Резерва облека – секогаш е добро да имате при рака, за секој случај. Церемонијата е свечена, но и полна со изненадувања.
✨ Влажни марамчиња, цуцла, омилена играчка – за да го смирите и да се чувствува удобно за време на церемонијата.
Нашата задача е да ја доловиме магијата и симболиката на денот – од моментот кога семејството пристигнува пред црквата, преку самиот обред, па сѐ до прегратките и насмевките по церемонијата. Затоа, колку повеќе е детето опуштено, толку повеќе искрени и нежни моменти можеме да фатиме.
По крштевката, доколку родителите сакаат, се прават групни фотографии со присутните, а потоа во дворот на црквата обично се прави кратка фотосесија со бебето. За самата церемонија, доволно е еден час, но ако имате и прослава по обредот и сакате фотографии од неа, ќе биде потребно дополнително време за да се овековечат сите убави моменти од дружењето со гостите.
Можете да очекувате 70-100 фотографии од час, кои ги вклучуваат најважните моменти од чинот на крштевањето во црквата, портрети на детето, семејни фотографии со кумовите и најблиските, како и детали што го прават овој ден посебен. Доколку имате прослава, ќе се овековечат и убавите моменти од дружењето со гостите.
Сите фотографии се професионално обработени и доставени во приватна онлајн галерија, од каде што можете да ги преземете и споделите со вашите роднини и пријатели. Времето на достава на фотографиите е максимум 3-5 дена во зависност од моменталните ангажмани.
Се надеваме дека ќе имаме чест да бидеме дел од овој важен и незаборавен настан во вашиот живот и да ја доловиме магијата на крштевката во фотографии што ќе останат за цел живот.
Слободно контактирајте нè за сите прашања или за закажување на термин. За да обезбедите достапност, препорачуваме да го резервирате вашиот термин најмалку 2-3 недели однапред
Телефонски број: 078272687
или во порака на социјалните мрежи
No products in the cart.