Изложба: "Во меѓувреме, дојам" – 05-07 август во Центар Јадро

Со огромна возбуда и срце полно благодарност, ве поканувам на мојата прва самостојна изложба„Во меѓувреме, дојам“, која ќе се одржи од 05 до 07 август во Центар Јадро, Скопје.

Оваа изложба претставува исполнување на една од моите најголеми желби како фотограф посветен на мајчинството – да ја прикажам убавината, предизвиците и интимноста на доењето низ објективот.

Доењето не е само начин на хранење – тоа е начин на љубење, смирување, поврзување. Тоа е шепот меѓу мајка и дете кој никој друг не го слуша, но сите го чувствуваат.

Кога и Каде?

 

📍 Локација: Центар Јадро

🗓️ Датум: 05–07 август
🕊️ Влезот е слободен

Што ќе видите?

Во фотографиите ќе препознаете љубов, упорност, мир, болка, гордост, замор, нежност – вистински моменти од секојдневието на мајките. Ова не е само визуелен приказ – туку емоционална прошетка низ реалноста на доењето.
„Во меѓувреме, дојам“ е посвета на сите мајки кои во тој “меѓувреме” прават најмногу – љубат, хранат, негуваат.

Едукативна програма

Оваа изложба е дел од поголем настан организиран заедно со:

🔸 Бебелогија
🔸 Доење со љубов 
🔸 Доилка

По повод Светската недела на доењето, подготвена е едукативна програма која вклучува предавања, интерактивни сесии и разговори со професионалци и мајки со искуство.

✨ Во рамки на настанот ќе има и богата едукативна програма.
📩 За присуство на работилниците потребно е да се пријавите на мејл: snd.organizacija@gmail.com, бидејќи местата се ограничени.
📸 Изложбата ќе биде отворена сите денови и може да се посети слободно, надвор од предвиденото време во програмата.

Повеќе информации за програмата ќе најдете на сликите подолу.

Програма за светска недела на доење
Програма за светска недела на доење
Програма за светска недела на доење
Програма за светска недела на доење
Програма за светска недела на доење
Програма за светска недела на доење

🎬 Behind the Scenes: Над 30 жени, една приказна – љубов без срам

Кога ја објавив отворената покана за доенечка фотосесија, искрено – не знаев што да очекувам. Очекував неколку заинтересирани, можеби некоја мајка која ќе се двоуми. Но позитивно се изненадив кога ми се јавија над 30 жени – мајки со бебиња, со деца, со приказни – подготвени храбро, отворено и искрено да го прикажат доењето како дел од нивниот живот.

Овие жени не само што се пријавија, туку прифатија и нивните фотографии јавно да бидат прикажани, објавени и претставени како уметност и сведоштво.
Во свет каде што сè уште некои луѓе го гледаат доењето како нешто што треба да се сокрие, тие избраа да бидат видливи.
Избраа да бидат гласни.
Избраа да бидат горди.

🕊️ Зошто е важно да се зборува за ова?

Доењето не е табу. Доењето не е „премногу“. Доењето не е срам.
Доењето е – хранење, прегратка, мир, тишина, љубов, блискост, преживување, преживеаност.

Оваа изложба и целиот проект се родија од една проста, но длабока идеја:
👉 Да се нормализира доењето.
Да се врати таму каде што припаѓа – во јавниот простор, во секојдневието, во културата, во уметноста.
Ако може да прикажеме реклами со телесност без контекст, тогаш уште повеќе може (и мора) да го прикажеме мајчиното тело во неговата најсилна, најнежна и најестествена улога.

📸 Едвај чекам да ги споделам фотографиите од самата изложба во наредниот пост – веднаш по завршувањето на настанот.

За сите кои нема да можат да присуствуваат во живо, ќе се потрудам да пренесам барем дел од атмосферата, енергијата и емоцијата преку екран.

Следете ме тука или на Instagram за следниот блог – ќе биде полн со моменти кои вреди да се запомнат. 💫

🤍 Благодарност

До сите мајки што беа дел од проектот – благодарам од срце. Вашата искреност и доверба ми овозможија да ја создадам оваа изложба со љубов и почит.

Ве поканувам СИТЕ да бидете дел од ова случување – да споделиме, да се поврземе и заедно да го прославиме мајчинството.

Се гледаме во Јадро!
Со љубов и желба за убави ,
Dragana – Loveclick Photography ❤️

Контактирајте нè за да ги овековечиме вашите најубави моменти.

Тука сме да одговориме на сите ваши прашања и заедно да ја испланираме вашата фотосесија

Телефонски број: 078272687 | 078300490

Поставете прашање преку контакт форма

    No products in the cart.