
Како фотограф за мајчинство, деца и фамилии, постојано се стремам да ги овековечам најдрагите моменти на моите клиенти во најдоброто можно светло. Еден од најдобрите начини да го постигнам тоа е да фотографирам за време на “златниот час”. Во овој блог, ќе објаснам што е златниот час и зошто е толку важен за фотографијата на отворено.
Мини фотосесиите се кратки, тематски фотосесии кои обично се организираат за одредена сезона или повод – на пример за Нова година, Денот на мајката, Валентајн или есенските магични денови. Тие се поразлични од регуларните фотосесии затоа што траат пократко, имаат понизок број на фотографии, а цената е попристапна.
Сепак, токму ова ги прави идеални за сите кои сакаат да искусат како е да работат со мене како фотограф – пред да се решат за целосна, регуларна фотосесија.
За секоја мини фотосесија однапред подготвувам сетап, секогаш во мој стил:
✨ неутрални бои,
✨ природна и хармонична атмосфера,
✨ без вештачки, печатени позадини што изгледаат нереално.
Најчесто фотографиите ги правам на отворено, во природа. Тоа овозможува не само сетот да изгледа природно и топло, туку и кога децата не сакаат да седат мирно – имам можност да ги уловам во нивната игра и движење, што честопати резултира со најубавите фотографии.
Бидејќи фотосесијата е на отворено, сите материјали и пропсови ги носам и ги поставувам на локацијата. Затоа овие фотосесии секогаш се реализираат со ограничен број термини (8–10), кои однапред ги објавувам на мојата продажна страна.
Резервирањето е едноставно: со онлајн уплата си го обезбедувате местото, а потоа добивате пристап до календар каде што го бирате терминот што најмногу ви одговара.
📸 Предности:
✨Природното осветлување е секогаш подобро и дава фотографии кои изгледаат живо и вистински.
✨Атмосферата е опуштена и децата имаат слобода да се движат.
✨Добивате уникатни кадри што се невозможни во ограничениот простор на студио.
⚖️ Недостатоци:
✨Термините се навистина ограничени и се пополнуваат брзо.
✨Времето е фактор – бидејќи снимаме надвор, мора да се надеваме на сонце или барем сув ден.
Сепак, искуството и резултатите секогаш го надминуваат ова. Фотографиите направени во студио честопати изгледаат вештачки, дури и кога позадината е „наместена“ да изгледа како природа. Недостатокот на природно осветлување таму е речиси невозможно да се надомести без екстремно добро осветлување и многу пост-едитинг.
Минатата година започнав со мини фотосесиите и досега ги имам реализирано за:
✨Новогодишни празници 🎄
✨Валентајн ❤️
✨Денот на мајката со заедничко боење 🎨
✨Бесплатна фотосесија по повод 8-ми март 🌸
Оваа година планирам да воведам и Велигденски фотосесии во април, како и есенски фотосесии во октомври.
Она што најмногу ме радува е што клиентите секогаш си заминуваат презадоволни и многумина повторно се враќаат за следните фотосесии.
Во Америка и другите западни земји мини фотосесиите се вистински хит веќе со години. Кај нас, пак, речиси и да нема фотографи кои работат по овој принцип – надвор од студио, со природен сетап и однапред ограничени термини.
Можеби ова е ново и необично, но верувајте – магијата на ваквите фотосесии вреди да се искуси.
Ве поканувам да бидете дел од следните мини фотосесии кои ги организирам. Термините секогаш ги објавувам на мојата Instagram страница, каде што контактот со вас ми е најблизок и најбрзо можете да се информирате за сите новости.
Не ја пропуштајте можноста – бидејќи термините секогаш се ограничени, резервацијата навреме е клучна!
No products in the cart.