
Love Click Photography наполни 1 година! Една година исполнета со насмевки, моменти што се паметат, и безброј кадри кои раскажуваат приказни. По тој повод, решив да го прославам овој убав јубилеј на еден поинаков начин – со креативен giveaway натпревар на Instagram, каде што главната улога ја имате токму вие!
Овојпат не барам да тагнете пријатели или да спамирате со коментари – туку да се вклучите со ваша креативна идеја! Сакам да слушнам каква фотосесија отсекогаш сте сонувале: некоја уникатна тема, интересен повод или магична локација што ќе ме инспирира да создадам нешто ново што досега не сум го имала во моето портфолио.
📍 Фотосесијата ќе ја реализирам со победникот во текот на следните 3 месеци (по заеднички договор), а сите фотографии ќе ви бидат доставени и објавени со ваша согласност.
Еден победник ќе добие бесплатна фотосесија инспирирана од неговата/нејзината идеја, која ќе ја осмислиме и реализираме заедно!
Натпреварот трае до: 05.07.2025
Важи за: Скопје
Ви благодарам што сте дел од ова патување – и едвај чекам да ги видам вашите идеи!
Со љубов и желба за убави спомени
Love Click Photography
No products in the cart.